Занаетчиска комора Скопје имаше состанок со партнерот Институтот за комуникациски студии (ИКС) каде што се дисутираше за начините на промовирање на мајсторскиот испит и наjдобар начин на негово претставување на потенцијалните кандидати преку видео. ИКС ќе подготви четири сценарија кои ќе бидат споделени со партнерите од Словенија и Хрватска и преку онлајн состаноци ќе се дискутира за најдоброто решение. Во идниот период ИКС организира онлине состаноци за подготовка на видео за промоција на мајсторскиот испит. На состаноците се присутни сите партнери кои имаа можност да ги разгледаат преложените сценарија. Партнерите се согласија за едно од преложените сценарија кое ќе се работи следниот период од страна на ИКС.