Еразмус+ проект Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит

Проектот Еразмус + Мајстор 4.1 е продолжување на претходниот проект Master 4.0, овозможувајќи подобрување во стекнување на звањето Мајстор, а воедно и осигурувањето на квалитетот на мајсторските испити. Мајстроските испити обезбедуваат промоција на звањето, предност во однос на конкуренцијата на пазарот на трудот, и препознавањето на квалификацијата во земјите од проектот и Европската Унија.

Инспирирани од успехот на претходниот проект и постигнатите резултати, продолжуваме да ја надградуваме онлајн платформата за мајсторки испити, развивање на методологија за испитните програми и каталози според европското искуство. Опшатата цел на проектот “Мастер 4.1: Зајакнување на проверувањето на квалитетот и промоцијата на мајсторскиот испит” е подобрување на програмите и процесите за осигурување на квалитетот на мајсторскиот испит и подигање на свеста за мајсторските испити. Нашите главни корисници се комисиите на мајстроските испити со 150 учесници, ученици од стручното образование и 100 занаетчии.

Нашите партнерски земји Хрватска и Словенија имаат долго искуство во спроведување на Мајсторски испити и како партнери не поддржуваат во овој проект во развивање методологија, подготовка на Кодекс на однесување, едукативно видео, вебинари/обуки за комисиите на мајсторските испити. Со поддршка од нашиот партнер во Северна Македонија ќе се развие обуката за маркетинг кампања на коморите и ќе биде спроведена во сите партнерски земји.

Координатор на проектот е Занаетчиска комора Скопје и проектните активности ги имплементира заедно со партнерите Хрватската занаетчиска комора (ХOK) и Факултетот Алгебра од Хрватска, Комората за занаетчии и мали бизниси на Словенија од Словенија и Институт за комуникациски студии од Северна Македонија.

Времетраењето на проектот е 18 месеци, почнувајќи од 1-ви декември 2022 година. Вкупниот износ на одобрена финансиска поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија изнесува 120,000 евра.