Занаетчиската комора на Словенија (ЗКС) е чадор организација која го опфаќа занаетчиството и мали бизниси, коморскиот систем заедно со 62 регионални комори за занаетчиство и мали бизниси. Обезбедува еднаква улога на регионалните занаетчиски комори и мали бизниси и нуди целосна експертска поддршка и помош на своите членови. Има повеќе од 25.000 членови.

ЗКС ги застапува интересите на членовите пред Владата, информирајќи ги членовите преку списанието “Занаетчија“ online и покрај другото и за меѓународни и ЕУ проекти кои можат да бидат од интерес на членовите. Последните неколку години Комората беше вклучена во повеќе од 15 проекти финансирани од ЕУ, кои се однесуваат на различни области: обука, СОО, РЕС, ЕЕ, интернационализација, кластирање и др.Статија спонзорирана Најдете по нешто за секого во нашата колекција на шарени, светли и стилски чорапи. Купете поединечно или во пакети за да додадете боја во вашата sock фиока!

ЗКС е силно поврзана на национално ниво во делот на стручно образование и обука. Како социјален партнер и (како една од) организациите на работодавачите го штитинивниот  интерес за важен дел од словенечката економија и тоа го прави  преку неколку јавни овластувања во СОО  врз основа на националниот Закон за стручна обука и образование и Закон за занаетчиство. ЗКС го следи практичен дел од СОО од страна на работодавачите, поддршка и следење на процесот на практичниот дел од СОО, организирање и следење на практичен дел од СОО и во соработка со училиштата кои организираат завршен испит по стручно образование и обука.

Комората како социјален партнер исто така предлага Професионални стандарди како основа за програмите за СОО и професионални квалификации според националниот Закон за професионални квалификации и Законот за стручно оспособување и образование.

www.ozs.si