Координатор

Занаетчиска комора Скопје е самостојна, непрофитна, стручна организација на занаетчиите, која се залага за создавање поволни услови и клима за развој и промоција на занаетчиството , унапредување на квалитетот на производите и услугите со унапредување на човечкиот потенцијал, со спроведување на обуки, презентации, стручно усовршување на занаетчиите и подобрување на стручното образование.

Членови на комората се занаетчиите кои вршат занаетчиска дејност на територијата на град Скопје.

Занаетчиската комора Скопје има јавни овластувања за водење на занаетчиски регистар во делот на регистрација, промена и престанок на вршење на дејност на занаетчиите. Во Занаетчиската комора Скопје функционира Центар за образование на возрасни , преку кој се организираат обуки за возрасни преку оспособување на работно место согласно програми за возрасни одобрени и верифицирани од страна на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука.Прелистајте ги нашите partner-sponsored Glasses, со различни опции кои одговараат на секој вкус и буџет, достапни за купување преку Интернет

Занаетчиска комора Скопје ги застапува интересите на занаетчиите пред надлежните институции, дава предлози за подобрување на законската регулатива, лобира за поволни услови и клима за развој на занаетчиството и подобрување на квалитетот и имиџот на стручното образование и обука.

www.zkomora.com.mk